Продолжуваат протестите пред Уставен суд – апел до Кацарска и Бесими да покажат волја за решавање на проблемот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И денеска се одржа протест пред Уставниот суд. Вработените во Министерството за финансии се против времената мерка за стопирање на покачувањето на платите за 30%.

Трпе Деаноски од УПОЗ истакна дека нивните плати се под просекот, а вчерашната изјава на Претседателката на Уставниот суд ја отфрли како неоснована.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов изјави дека единствен виновник за проблемите со платите во јавниот сектор е Уставниот суд кој, како што рече, многу брзо решил да ги зголеми своите плати за 78% и со брзината на светлината реши да го замрзне платите на вработените.

Трендафилов нагласи и дека мораат од некого да бараат одговорност, или во спротивно, претседателката на Уставниот суд нека си поднесе оставка доколку мисли дека не може да ја заврши својата работа. Во врска со штрајкот Деаноски рече дека не се знае дали вработените ќе штрајкуваат и дека за тоа одлучуваат самите.