Албанскиот премиер Еди Рама ова го нарече голем и модерен проект за кој вели дека ќе биде завршен во рок од 12 месеци, но за ова не се консултирани властите во Македонија, иако Охридското Езеро се наоѓа во двете земји.
„Министерството за животна средина и просторно планирање во однос на Вашето прашање нема добиено никаква официјална информација ниту навестувања од албанската страна за било какви градежни активности што се од заеднички интерес/заштита на Охридското Езеро.“, велат од Министерството за животна средина.
Реагираа и еколошките здруженија. Бараат да се прекинат градежните активности бидејќи, како што велат, се загрозува статусот на езерото во УНЕСКО.
Инаку, Северна Македонија и Албанија формирале заедничка група во рамките на УНЕСКО каде се преговара за сите проекти во врска со охридското езеро со цел за секоја интервенција да бидат консултирани и двете страни.
