Проектот за Луна парк во завршна фаза? Арсовска: Нема да има згради, ниту сечење дрвја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Како и нејзините претходници така и актуелната градоначалничка Данела Арсовска најавува дека ќе го гради новиот Луна Парк. Дали навистина ќе се изгради и Скопје ќе наликува на европските градови со забавен парк или  ќе остане детски сон, останува да видиме“, вели репортерката на ТВ21, Александра Велинова.

Арсовска ги дематира гласините дека на местото на Луна паркот ќе се градат згради, дека ќе се сечат дрвја. Тоа место вели е предвидено само за Луна парк и проектот е во финална фаза.

„Во Луна паркот нема да има никакви градења и ништо повеќе од она што е предвидено со проектот, а тоа се  единствено реквизити кои ќе служат за забава односно она што треба да го има самиот Луна парк согласно проектот“, изјави градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

После две децинии ветува Арсовска на младите ќе им се овозможи да ја имаат онаа забава што сме ја имале ние кога сме биле деца. Ќе можат да се израдуваат на парк каков што имаат поразвиените метрополи. Финансиските средства за проектирање, изградба, набавка на опрема и реквизити и нивно монтирање се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, додека следната фаза ќе биде реализирана со буџетот од 2023 и 2024 година.