Прогласено најотровното растение во 2023 година, a ние многу често го консумираме

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

По ВТОР пат во трката за отровно растение на годината победи магдоносот. Ботаничката градина Вандсбек го прогласи ова растение за најотровно оваа година.

Сепак, лисјата и корените, кои обично ги јадеме, не претставуваат опасност за здравјето на луѓето. Напротив, овие делови од магдоносот содржат многу витамин Ц, кој придонесува за зајакнување на имунитетот. Покрај тоа, магдоносот е полн со железо, благодарение на витаминот А ги штити нашите очи и добриот вид, а благотворно делува на здравјето на срцето, ги балансира телесните течности, помага во контролата на артритисот, ги штити забите и непцата и благотворно делува на варењето .

реклама

Проблем се цветовите и семките од магдонос, кои содржат масло од магдонос, кое содржи апиол кој делува на мазните мускулни влакна на мочниот меур, цревата и матката. Затоа, во минатото, маслото од магдонос се користело за да предизвика абортус. Германците имаат и израз кој илустрира колку е опасна употребата на магдонос за жените: магдоносот ги става мажите на коњи, а жените под земја. Да појасниме, магдоносот делува како афродизијак кај мажите.

Освен апиол, маслото од магдонос содржи и миристицин, уште една токсична состојка која може да влијае на централниот нервен систем и да предизвика некои видови напади. Botanical online вели дека содржи и ксантотоксин и бергаптен, кои се фототоксични и реагираат на светлина и можат да предизвикаат лезии на кожата.

реклама

Минатата година компирот беше прогласен за најотровно растение.

реклама
реклама
реклама