Промена на трасата на патот Скопје–Блаце – Рустеми: Доколку се смени, работите може да не почнат уште пет години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доколку актуелната власт го промени проектот за вториот дел од патот Скопје – Блаце од 10 километри, почетокот на градежните активности  ќе се одолговлекува уште 5 години, изјави во Дејли Клик екс директорот на ЈП „Државни патишта“ Ејуп Рустеми.

„Доколку се вметнат и се направат промените на трасата во 10 км на овој автопат , најмалку за пет години нема да почне изградбата на овој автопат, нема да почне. Секоја промена на трасата кога веќе имаме дозвола за градба и дозвола за инфраструктурен проект издадена од Министерството за транспорт и дозвола за основниот проект за 10 км, кога имаме дозвола за работа. Кои се аргументите за да се направи промена, поради тоа што така вели политиката или ексертите?!“, додаде Ејуп Рустеми.

Прашан зошто беше избрана таа траса, во која се предвидени 6 тунели, а според актуелната власт станува збор за тежок проект за реализација и со високи трошоци, Рустеми рече дека до ова решение дошле домашните и меѓународните експерти. Зборувајќи за обвинувањата на првиот вицепремиер Изет Меџити за криминал при откупот на имоти од страна на екс функционери на ДУИ, Рустеми негираше и повика да излезе со конкретни имиња.

„Главен проблем и кај гасоводот било експропријацијата затоа треба сите да седнат и да се направи промена на Законот за експропријација за да имаме можност што поскоро да се направи експропријација и да им дадеме простор на компаниите што поскоро да ги реализираат овие проекти“, вели Ејуп Рустеми.

Доколку работите на Коридорот 8 продолжат според  темпото на кое се работеше додека директор беше Рустеми, тој смета  дека патот ќе биде во функција во 2028 година, поврзан со сите делници.