Промената на директори во „Истикбал“ во Тетово, Адеми вели дека Општината го разрешила со притисоци и назначила нов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Училиштето „Истикбал“ во Тетово доби нова директорка – Магбуле Алиу, но министерот за образование, Јетон Шаќири вчера изјави дека добил известување од Советот на родители во кое се вели дека општина Тетово поради голема притисок, го принудила директорот Зија Адеми да ја потпише оставката бидејќи за оваа функција се пазариле со Алтернатива.

„Зија Адеми донесе позитивен дух и е незаменлив професор во оваа училиште. Вредностите треба да се ценат и вреднуваат, а не да се потценуваат и намалуваат. Бараме да ни помогнете барем да се отвори конкурс (сме го известиле и училишниот совет) бидејќи директорот во оставка ги исполнува условите, има и лиценца. Имаме и записник од Советот на родители каде сите родители едногласно се ЗА Зија. Записникот од наставничкиот колегиум заедно со петицијата и потписите на наставниците.“.

Под објавата на оваа порака, министерот „го уверува советот на родители и наставници „Истикбал“ дека ќе ги преземе сите законски мерки“, а ја критикува општина Тетово како „најлош пример за политичко влијание и лошо управување со образовните институции“.

Во текот на денот ТВ21 контактираше и со разрешениот директор Зија Адеми. Тој не сакаше да зборува пред камера, но ни кажа дека по налог на градоначалникот на општина Тетово бил принуден да поднесе оставка, додека известувањето му било дадено во општината.

За оваа проблематика го прашавме раководителот на секторот за образование во Тетово, Назми Даути, кој ни рече дека Адеми само телефонски го известил дека повеќе не е директор, додека тој призна дека новиот директор го поставил градоначалникот на општината врз основа на надлежностите што ги има.

-Во последната комуникација со поранешниот директор тоа го истакнав со директорот на ОУ „Истикбал“, тој ме извести дека повеќе нема да бидам в.д директор на училиштето, дадов оставка, а потоа стигна и дописот архивиран во архивата на општина Тетово, нов директор назначи градоначалникот, кој е должен во рок од три дена да назначи вршител на должност“, изјави Назми Даути.

Во ОУ „Истикбал“ во Тетово досега се сменети тројца в.д. директори, додека в.д. Магбуле Алиу е четврта по ред.