Времето денеска ќе биде променливо облачно, по котлините магливо.
Преку денот облачноста ќе се зголемува и од попладне на запад ќе започнат врнежи кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Најниска утринска температура во Берово -1, максимална дневна до 17 во Гевгелија.
Во Скопје од три до 13 степени, со врнежи од дожд во попладневните часови.
