Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува засилен до силен, а во следните денови умерен до засилен северен ветер.