Промовирана стратегијата за финансиска истрага – Мухареми: Лошо е што немаме закон за истрага на потеклото на имотот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата промовираше Двегодишна стратегија за засилување на капацитетите за финансиска истрага и конфискување на имотот за лицата кои извршиле кривични дела или се под истрага за одреден случај. Целта на оваа стратегија е ефикасност на институциите , навремена размена на важни информации како и подобрување на соработката меѓу институциите.

Финансиска истрага врши и Обвинителството. Републичкиот обвинител, Љубомир Јовески, рече дека на обвинителството му недостигаат истражувачки оперативни центри за овие работи да се вршат поефикасно. Јовески рече дека новите форми на криминал не може да ги ситражи само еден орган, затоа е важна институционалната соработка.

Арафат Муареми, директор на Финансиска полиција рече дека главната пречка за истрага на нелегалниот имот е немањето закон кој ќе го дефинира потеклото на имотот на секој граѓанин.

„Секогаш сум истакнувал дека ни недостига закон за потеклото на имотот. Со носењето закон за потеклото на имотот со кого се овластуваат судските органи да побараат од лицето кое се стекнало со имот да го каже и потеклото на тој имот. Тогаш ќе може да имаме услови за конфискување имот“, истакна Арафат Муареми.

Николовски рече дека во текот на анализите, детектирани се и многу пропусти во материјалните  и технички услови на обвинителството кои ќе треба навреме да се средат и да се исполнат.