Пронајдени мртви 12 лица во најголемиот скијачки центар во Грузија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

12 лица починале во скијачкиот центар Гудаури во Грузија, и властите соопштија дека причината е труење со јаглерод моноксид. Телата се на 11 странски државјани и 1 Грузиец кои биле пронајдени во спалните соби над индиски ресторан во скијачкиот центар во северниот дел на земјата.

Првичните тестови не откриле никакви траги на насилство кај телата.

„Се чини станува збор за несреќа“, соопшти полицијата.

Според првите информации, трагедијата била предизвикана од генератор кој бил ставен во просторот за спиење, откако снемало струја во ресторанот.