Пронајдени остатоци од најстарата пивница во светот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Египетски и американски археолози откопале остатоци од досега најстарата пивница на еден од најпознатите археолошки наоѓалишта, соопштил Мостафа Вазири, генералниот секретар на Врховниот археолошки совет на Египет.

Локалитетот со остатоци од античката пивница е пронајден во Абидос, во близина на антички гробишта лоцирани во пустина западно од Нил, на 450 километри од Каиро, пренесува „AP“.

Археолозите сметаат дека оваа пивница датира од првиот династички период, кој траел од 3150-та до 2613-та година п.н.е., од времето на владеењето на кралот Нармер.

Остатоците од пивницата се пронајдени под земја, а пивницата, според професорот Метју Адамс од Институтот за ликовни уметности на Универзитетот во Њујорк, била изградена за да прави пиво за потребите на кралот и на дворецот.

Британците први зборуваа за постоењето на оваа пивница, уште во 1900-та година, но не можеле точно да утврдат каде се наоѓа.