Пронајдено тело на вториот рудар во несреќата во Словенија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште еден рудар е пронајден мртов утрово, откако во еден од тунелите во рудникот во Велење, Словенија, бил затрупан со поголема количина кал.

Еден рудар и натаму се води како исчезнат, а надлежните служби работат на отстранување на околу 500 до 700 метри квадратни кал, пренесе СТА.

Службите соопштија дека идентитетот на пронајдениот рудар се уште не е потврден.

Рударот кој беше пронајден мртов веднаш по несреќата е 49-годишен жител на Габерка, село северно од Велење.

Еден рудар загина, а двајца се исчезнати во словенечкиот рудник за јаглен Велење, откако еден од тунелите беше поплавен и покриен со поголема количина кал.