Почина уште едно лице од западнонилската треска, двајца пациенти сè уште се во болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако во изминатата недела не се пријавени нови инфекции, билансот на западнонилската треска во Македонија бележи уште еден смртен случај. Со тоа, бројот на починати од вирусот од почетокот на годинава се зголеми на 11, покажуваат најновите податоци на специјализираниот портал за следење на инфекцијата „Хелталарт“ (Healthalert).

Од почетокот на 2026 година во земјава се регистрирани вкупно 71 случај на западнонилска треска.

Од заболените, 58 лица целосно оздравеле, додека двајца пациенти сè уште се на болничко лекување.

Податоците покажуваат дека во текот на последната недела нема нови регистрирани случаи на инфекцијата, но бројот на смртни случаи се зголемил.