Просечната плата во Хрватска достигна 1.540 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Просечната месечна нето-плата во Хрватска во јули годинава изнесувала 1.540 евра, покажуваат најновите податоци на хрватскиот Државен завод за статистика.

Во однос на јуни, просечната плата номинално била пониска за еден отсто, додека реално била повисока за 0,8 отсто.

На годишно ниво, односно во споредба со јули 2025 година, просечната нето-плата во Хрватска бележи номинален раст од 7,2 отсто. Реалниот раст изнесува 3,2 отсто.

Највисока просечна месечна нето-заработка по вработен во јули 2026 година била исплатена во дејноста воздушен сообраќај, каде што изнесувала 2.398 евра.