Протест на вработените од „Колска“, блокада на пругата Скопје-Гевгелија кај Велес

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вработените во фабриката за шински возила „Велес“ поточно „Колска“ денеска од 07:30 часот ќе протестираат на железничката станица Велес изразувајќи незадоволство од нерешавањето на нивните проблеми.

Протестот ќе се реализира со блокада на железничкиот сообраќај.

На протестот најавено е присуство на претставници од Сојузот на синдикати на Македонија, во чиј состав е и синдикалната организација на „Колска“.

– Другите облици на изразување на работничкото незадоволство поврзани со барањата од генералниот штрајк, барањата на работниците и штрајкувачите во наредниот период ќе бидат се поизразени, стои во објавата на Сојузот на синдикати на „Фејсбук“.