Протест против задолжителната вакцинација во Солун, полицијата употреби солзавец и водени топови (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во Грција беше принудена да употреби солзавец и водени топови во вториот по големина грчки град Солун, за да прекине протест против задолжителната вакцинација.

На протестот учествуваа неколку илјади луѓе, а властите соопштија дека демонстрантите најпрво со сигнални ракети ги гаѓале полицајците, а потоа тие одговориле. Наводно полицијата ги спречила да стигнат до областа во која премиерот Кирјакос Мицотакис имаше обраќање за економијата, пренесува „Ројтерс“.

Годишниот говор на премиерот кој во овој град, секогаш привлекува демонстранти, а вчера имало 15 илјади.

Властите во нашиот јужен сосед суспендираа 6.000 здравствени работници поради тоа што не сакале да се вакцинираат.

5,7 милиони Грци целосно се вакцинирани, односно 55%, додека 59% добија барем една доза вакцина.