Дел од тетовските гимназијалци ги бојкотираа часовите поради немање книги. Учениците од втора година велат дека нема да се вратат на настава доколку не им бидат обезбедени учебници.
„Денес излеговме поради учебниците, затоа што има многу недостиг на книги во училиштето“
„Да, поради учебниците. Професорите бараат учебници, немаме, не се враќаме денеска затоа што немаме книги, не можеме да држиме часови“
„Она за што протестираме е немањето учебници. Го пријавивме ова како проблем. На голем дел им недостигаат учебници“.
„Лично ми недостасуваат сите учебници, сите мојот клас немаме“.
Директорката на гимназијата во Тетово вели дека мал број учебници недостигаат, додавајќи дека некој ги поттикнува учениците на протест.
„Имаме мал број книги што недостигаат, но состојбата не е толку алармантна за да се бојкотира наставата. Во оваа ситуација гледам инструментализација на учениците од одредени инстанци кои сакаат да прават гужва. Но, верувам дека заедно со професорите кои ја сакаат наставата и родителите кои навистина ги донесоа учениците за да учат, ќе го амортизираме овој случај“, вели Теута Лала.
Од тетовската гимназија велат дека недостигаат околу 20 отсто од книгите. Генерално, во Тетово во средните и основните училишта недостигаат околу 23.000 книги кои се уште не се пристигнати од Министерството за образование и наука.
