Протести пред Град Скопје на работниците на „Улици и патишта“, по протестот попладнево им била исплатена платата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Протест пред администрацијата на Град Скопје на вработени на ЈП „Улици и патишта“.

Тие протестираат затоа што се уште не ја земале ноемвриската плата и К-15.

Велат дека семејствата ги издржуваат со кредити.

„На овој студ, во зима и лето, работиме нон-стоп, паѓа снег, работи во смени, на дожд или снег ние сме во град, каде и да ни кажат не одбиваме, но кога е платата во прашање, еве што се случува!“, вели Неваип Мемиши, вработен во ЈП „Улици и патишта“.

Друг вработен од оваа претпријатие ни рече дека секој месец им доцни платата, а додаде дека дури работат и со не регистрирани возила од претпријатието, што е спротивно на законот.

Постои закон дека после 15-ти не треба да доцни платата, за што 19, 20, 25?!
-Што ќе се случи ако сè уште ви доцни?

Ова е тоа! Ќе протестирате?
-Каде да одиме?!

Само едно возило е регистрирано, само овој. Но работиме и со не регистрирани возила, што е спротивно на законот.

Првиот човек на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески, најави дека доколку вработените не добијат плата, ќе го блокираат градот со протести.

Вработените побарале средба со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за да се реши проблемот за претпријатието, но засега не добиле одговор.Инаку доцна попладнево според информациите на вработените им била пуштена ноемвриската плата.