Прототип на вселенското летало SN9 во рамките на програмата SpaceX експлодира за време на слетувањето, пренесуваат светските медиуми.
Според „Спутник“, несреќата во јужен Тексас се случила за време на тестирање на големи надморски височини.
Според пишувањата на светските медиуми, на социјалните мрежи се појави видео запис како авионот експлодирал веднаш по слетувањето.
Touchdown…#Starship #SN9 @SpaceX pic.twitter.com/mStYzVpZKs
— Geoff Barrett 🚀 (@GeoffdBarrett) February 2, 2021
За потсетување, вселенското летало СН8 експлодираше и за време на тестирањето во декември минатата година.
Според идејата на милијардерот Илон Маск, кој е основач на програмата SpaceX, вселенското летало SN 8 е направено така што може повторно да се користи, а истовремено може да носи товар и патници во вселената.
