Проценка на земјоделски штети од невремето – Николовски прстот го впери кон општините

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјоделците во повеќе општини во земјава претрпеа големи штети од неодамнешните поплави кои ја зафатија земјава. Земјоделците со денови се жалат, бидејќи општините доцнат со излегувањето на терен за проценка на штетите. За ова министерот за земјоделство Лупчо Николоски го впери прстот кон градоначалниците на општините, порачувајќи дека тоа е нивна одговорност и дека треба посериозно да се пристапи кон овие состојби.

Што се однесува до штетите предизвикани од климатските промени, тоа е постапка регулирана со законот за заштита и спасување, каде најголема одговорност имаат општините, советниците се директни претставници на граѓаните и градоначалниците, општините се тие кои треба да бидат паметни и да следат што се случува во нивната општина и со време да донесат одлуки до советот за формирање на комисии и тие комисии да излезат на терен и да си ја вршат својата работа“, вели Љупчо Николовски.

Николовски побара општинските комисии до државните комисии што поскоро да достават извештаи од теренските проценски на штета, за да можат тие да реагираат за исплата на обесштетување.

Од време на време бараме општините да реагираат за да се направи вистинска проценка на штетите каде што има, во зависност од видот на климатското влијание во кој било регион, штом тие се прават проценки и се елаборираат, колку побрзо земјоделците ќе ги добијат средствата што ќе ги обезбеди Владата, тоа се средства надвор од буџетот на министерството и се средства од Министерството за финансии“, додава Љупчо Николовски.

Ваквите коментари Николовски ги даде при доделувањето на договори со грантови до 10.000 евра за земјоделски производители на храна од животинско потекло. Предноста на оваа финансиска поддршка е авансното плаќање, што значи дека сите корисници на грант, веднаш по потпишувањето на договорот, во рок од 10 дена ќе ги добијат парите со кои треба да ја набават опремата за која аплицирале.