Владата на завчерашната седница донесе одлука за четвртиот сет мерки, со кои доделува помош на граѓаните. Беше објавена и листата, а може да проверите дали сте добиле помош од Владата од најновиот сет мерки на следниот ЛИНК. Потребно е само да го внесете вашиот матичен број за да дознаете дали сте опфатени од најновиот сет мерки.
„Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и на предлог на Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна задолжен за економски прашања, во соработка со Претседателот на Владата и Генералниот Секретаријат донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра.“, се вели во соопштението.
Во овој четврти сет мерки, се опфатени повеќе граѓани, иснтитуции, компании. За сите детали може да прочитате од извештајот од 28-мата седница на Владата ТУКА.