Поранешниот директор на Државната лотарија, Прпарим Бајрами, денеска излезе од притвор во затворот во Шуто Оризари.
Бајрами, првообвинет во случајот „Лотарија“, беше ослободен откако достави гаранција во недвижен имот во вредност од 1.140.781 евра.
Адвокатот Еленко Миланов, во изјава за ТВ21 рече дека Бајрами нема недвижен имот на свое име, односно дека имотот даден како гаранција му припаѓа на неговиот татко и на негов близок.
