Прскање против комарци утре во Струга

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 На подрачјето на општина Струга утре ќе се спроведе теристичка и аеросолна дезинсекција, со цел уништување на комарците.

Запрашувањето од земја, како што соопшти општинската прес-служба, ќе се одвива преку ден, а аеросолната дезинсекција ќе се реализира вечерта, до раните утрински часови, со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Од општината апелираат пчеларите и пчеларските задруги да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

Дополнуваат дека во случај на појава на неповолни временски услови, ветер или дожд, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.