Прв случај позитивен на коронавирус во Битола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Битола регистриран е прв случај на коронавирус. Информацијата ја потврдува и градоначалничката Петровска преку видео обраќање.

„Од земените примероци за проверка,  веќе сме град во кој е констатирано присуството на корона вирусот што значело негово присуство во градот и во изминатиов период“, вели градоначалничката Наташа Петровска.

Обраќање на градоначалникот на Општина Битола, Наташа Петровска

Битола беше еден од малкуте градови во Македонија каде досега немаше регистрирано заболени лица од Ковид-19.

И од Министерството за здравство за ТВ21 ја потврдуваат информацијата.

Вчера во Битола беа донесени два автобуси со лица кои беа „заглавени“ во други држави и следниот период ќе бидат во карантин во Хотелот Епинал во центарот на градот.

По ова реакции во јавноста имаше поради локацијата, но од Општина Битола смируваат дека нема место за паника.

Од денеска и хотелот „Молика“ ќе биде карантин.

ЧИТАЈ ИСТО ТАКА: