Денеска се одиграа четири натпревари од 22. коло во Првата македонска лига. Првите две водечки екипи Вардар и Шкендија загубија на гостувањата во Тетово, односно во Велес.
Најпрво Вардар загуби од Ренова во Тетово со 2:0. Гафури два пати од пенал беше стрелец, откако двата пенали ги изнуди Бојан Миовски.
Шкендија пропушти шанса да се доближи на само пет бодови, откако беше поразен од Борец со 4:2. Тетовскиот тим губеше со 4:0, а во финишот успеа со два гола само да спаси убедлив пораз.
Силекс со 1:0 ја совлада Македонија ЃП, а Струга на домашен терен загуби од Шкупи со 1:2.
Вчера Работнички со 1:0 го совлада составот на Академија Пандев.
Standings provided by Sofascore LiveScore