Македонија и Албанија се многу повеќе од добри соседи, тие се пријателски земји со голема меѓународна поддршка и партнери кои заедно го продолжуваат европскиот пат. Ова е ставот на двајцата министри за надворешни работи Бујар Османи на Македонија и Игли Хасани на Албанија по средбата што ја имаа во македонското МНР. Запрашан за најавите на косовскиот премиер Албин Курти за учество во изборите во земјава, Османи рече дека ова не е ништо ново бидејќи такви обиди имало и порано и тоа нема директно да влијае на политичката сцена.
„Обиди за директни поддршки и учества имало и порано од претседателскиот кандидат, кој потоа беше министер во Владата на Косово, преку учество на високи експоненти на предизборните собирања и митинзи и тоа се покажа дека политичката сцена на Албанците во РЕпублика Северна Македонија е консолидирана. И не очекувам, како што не влијаеше претходно да влијае на било кој начин и сега“, вели Бујар Османи.
Министерот за надворешни работи на Албанија Хасани одбегна да одговори на ова прашање и рече дека официјална Тирана продолжува да ги следи состојбите во нашата земја.
„Ние максимални ќе се обидеме да ги подобриме нашите соседи да напредуваат во европското и евроатлантското патување и да бидат секогаш факторот коко што биле. Ние ќе се трудиме сите да се ангажираме, и за секого, и ова е непроменлива и ќе продолжи да биде вака, политичките обојувања и детали да им го оставиме на кампањата кога ќе се прогласи и да ги видиме конфигурациите, но најважното е да продолжиме да сме обединети, не само како Албанци но и кко прогресивни сили во регионот“, вели Хасани.
Во однос на тоа дали ќе има средба со опозициските партии на Албанците во Македонија, Хасани рече дека секој кој што ќе дојде во Тирана ќе го пречека. Албанскиот шеф на дипломатијата имаше средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери.
