Прва жртва на коронавирусот во Египет, почина германски турист

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Египет прва жртва од коронавирусот. Почина 60-годишен турист од Германија, соопшти министерството за здравство на таа земја.

Во соопштението се наведува дека Германецот влегол во земјата пред седум дена и бил хоспитализиран во болница во Хургада крај Црвеното Море.

„Личноста која почина од ковид-19 е германски државјанин, кој покажувал симптоми уште по доаѓањето во Хургада“, рече министерот за здравство Калед Мугахед.

Во Египет од коронавирусот се заразени 48 лица, од кои 45 се наоѓаат на крузер на реката Луксор, а 19 од нив се странци.