Прва жртва од пожарите – 59-годишна жена од Негоричане не успеа да се спаси од пламенот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е куќата во која животот го загуби 59-годишната жена од Старо Нагоричане.

Таа е првата жртва од пожарите кои ја зафатија земјата. 80-годишниот Борис Димков, кој живеел со сега починатата, вели дека не можел да ја спаси бидејќи пожарот избувнал многу брзо.

Тој тврди дека изгубил се а ноќта ја поминал кај соседите. Досега ниту една институција не понуди помош.

Куќата на Благица е половина изгорена. Настрадале животните кои ги чувала и пченицата која ја собрала во вреќи.

Екипите денес направија експертиза и проценка на материјална штета. Жителите на овој регион се револтирани бидејќи, според нив, помошта пристигнала предоцна на местото на настанот.