„Првата работа што ќе ја направам е да ги заклучам лидерите во Вила Водно додека не изнајдеме решение за уставните измени“, вели Османи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кандидатот за претседатедл Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека земајќи го примерот со Хрватска, власта и опозицијата во Северна Македонија треба да се здружат по прашањето за интеграција во Европската унија.

Тој вели дека првата работа која што ќе ја направи е да ги заклучи лидерите во Вила Водно со цел да се најде решение за уставните измени.

„Првата работа што ќе ја направам е да ги затворам лидерите во Вила Водно, да ги заклучам на состанок и нема да излеземе од тој состанок ако треба уште една недела, две недели, еден месец – ако треба додека не посегнеме по решение“, рече Османи.