Први излезни анкети за изборите на Албанија: Победи партијата на Еди Рама

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Социјалистичката партија на албанскиот премиер Еди Рама победи на денешните парламентарни избори во Албанија и според првите излезни анкети, освои 51,8 проценти од гласовите, односно парламентарно мнозинство од 79 места од вкупно 140 места.

Според проекциите на весникот „Албаниан пост“, втората десничарска опозициска коалиција е Демократската партија – Алијанса за Голема Албанија, која доби 38 проценти од гласовите, односно 54 места во парламентот. 

Гласањето на парламентарните избори во Албанија заврши во 19:00 часот кога беа затворени избирачките места. 

Според најновите податоци од Централната изборна комисија, до 18 часот, излезноста била 41,41 проценти.

Вкупно 3,7 милиони граѓани имаа право на глас, а за прв пат во гласањето учествуваше и дијаспората. Вкупно 2.046 кандидати, односно 186 кандидати од секоја изборна единица, се натпреваруваа за 140 места во парламентот.

Албанскиот државен изборен комесар Илирјан Челибаши објави дека првите прелиминарни резултати од гласањето во Албанија ќе бидат познати најдоцна до вторник попладне, повикувајќи ги политичките партии и нивните лидери да покажат смиреност.