Први обвиниенија за немирите во зградата на Конгресот, вклучувајќи и лице за кого се тврди дека носел бомби во камион

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за правда на САД ги покрена првите обвиненија против две лица, поврзани со немирите во Капитол, вклучувајќи и едно лице од Алабама, за кого се тврди дека паркирал камион со бомби, пиштоли и муниција на два блока од зградата на Конгресот.

Двете лица беа приведени минатата недела и нивните кривични дела беа објавени во јавноста веднаш по немирите.

Обвиниенијата се поднесени откако тие заработија кривични пријави.

Лони Лерој Кофман од Алабама се чини дека ќе има „најдебело“ обвинение, со оглед дека имал и други кривични дела. Тој е во притвор, и веќе денеска ќе треба да се појави пред судија. Тој добил 17 кривични пријави за поседување на повеќе оружја, разна муниција, молотови коктели без дозвола во Вашингтон.

Второто лице Марк Џеферсон се соочува со седум обвиненија поврзани со насилството во Капитол. Тој е ослободен во притвор.