Некогаш се викала Долорес, а сега е Лео. Првиот трансродов актер во Северна Македонија јавно ја раскажа својата приказна за нов живот откако одлучил да живее како момче. Хируршки интервенции нема направено, но машките хормони му биле позастапени отколку женските. Кога имал само седум години открил дека не се чувствува како женско, но многу подоцна одлучил да да биде Лео. Раскажува како неговото семејство не ја прифатило неговата одлука.
Лео боледувал и од една болест. Првин мислел дека неговата промена настанала токму поради тоа, но подоцна дознал дека станува збор за хормоните.
Трансродовите лица, како и другите групи, пред се ЛГБТ заедницата во Македонија сѐ уште се соочуваат со предрасуди и стереотипи во општеството.
