Претходно Заев сакаше ДУИ да замине во опозиција, а сега и Мицкоски го посакува истото. „Ќе направам се ДУИ да оди во опозиција“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во партиската трибина организирана во Велес.
Но во 2020 година, Ахмети рече дека нема да ја доживеат таа радост.
„Секако дека тоа е желба, било тоа на г. Заев но и на другите, но јас ве уверувам дека таа радост нема да ја доживеат“, вели Али Ахмети.
Во врска со идејата на Мицкоски за создавање на Влада со широко македонско единство, претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера во Клик Плус изјави дека такво нешто не може да се направи.
„Секако дека нив им е потребно единство во заедницата, но не знам како ќе се реализира. Тие внатре во себе имаат потреба за единство, бидејќи имаат темелни разлики за државни ставови и секако дека треба да има единство но единството не значи да го прифатиш тоа што го велам јас спроти твоите ставови“, додаде Талат Џафери.
На прашањето дали ДУИ би влегла во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, доколку партијата на Мицкоски не гласа за уставните измени, Џафери рече дека во политиката никогаш не треба да се каже никогаш.
