Психијатриската болница Демир Хисар во изолација, нова екипа на доктори се грижат за пациентите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорката на Психијатриската болница Демир Хисар, Татјана Лозановска на својот Фејсбук профил истакнува дека нејзиното обраќање е по повод денешните настани, при што започнале да се шират дезинформации.

„Точно е дека еден од докторите специјалисти психијатри од 27 03 2020 е во изолација,откако дознал дека членови на неговото семејство се заразиле и се потврдило дека се позитивни.Тестиран е ,резултатот го добил во тек на вчерашниот ден 01 04 2020,и е позитивен“, пишуваа Лозановска.

Таа додава дека докторот денеска доставил список на лица со кои бил во контакт, на работа и на состаноци, што допринело од денеска и тие да се во изолација.

„За таа цел,денес имаме нова екипа на доктори од околните градови,болницата продолжува со непречена работа,а сите ние кои сме во самоизолација сме достапни 24 часа. Мое лично мислење,и како институција,е дека направивме се за да нема пропусти,а докторот кој и во овој момент нема никакви симптоми,се заразил како резултат на пандемијата која секојдневно се шири“, порача Лозановска.

Почитувани граѓани,Јас,мр.Татјана Лозановска,вд.директор на Психијатриска болница Демир Хисар,под морална и кривична…

Gepostet von Tatjana Lozanovska am Donnerstag, 2. April 2020