реклама

ПСЖ ќе заработи 10 милиони евра за мечот со ѕвездите на Ал-Наср и Ал-Хилал

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Пари Сен-Жермен ќе заработи значителни финансиски средства за натпреварот во Саудиска Арабија.

Парижаните в четврток на 19 јануари ќе играат во Ријад со саудискиот ол-стар тим составен од фудбалери на Ал-Хилал и Ал-Наср.

реклама

За Ал-Наср од неодамна настапува Кристијано Роналдо и според најавите тој ќе ја носи капитенската лента на ревијалниот меч.

Според„ L’Equipe“, овој натпревар на ПСЖ ќе му донесе нешто повеќе од 10 милиони евра. Оваа сума клубот ја вклучи во буџетот за сезоната 2022/23, бидејќи очекува да покаже финансиски резултат подобар од минатата сезона кога парижаните имаа загуба од 369 милиони евра. 

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама