Попладнево се случило пукање на Матка, на една од најпосакуваните дестинации на Скопјани за време на викендите. На видеото се гледа пукање од огнено оружје, а според информациите на пукањето претходела расправија и физичка пресметка меѓу две групи.
Настанот се случил околу 15 часот кога М.С. со уште неколку лица физички ги нападнал А.С. и А.С. Неофицијално, расправијата била поради чамците кои носат туристи во пештерата во Матка.
