Зголемено полициско присуство пред болницата „Св. Наум Охридски“, искршено возило, до него пиштол (ФОТО+ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Неколку минути после пладне денеска возило оштетено на едната врата и со искршено стакло се појавило пред болницата „Свети Наум Охридски“ во центарот на Скопје, односно поранешната Градска болница, а до него има и пиштол, јавува репортерот на ТВ21 од терен.

Неофицијално, имало најмалку едно повредено лице е веднаш хоспитализирано.

Наша екипа е на терен, и се очекуваат повеќе информации од МВР околу овој настан.

Забележано е присуство на полицајци пред болницата, кои вршат увид на местото на настанот.