Пукање во Арачиново, едно лице рането

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вчера одново имало пукање во Арачиново. Пукачот пукал во лице, но наместо него, го погодил неговиот татко, кој се здобил со повреда, при што му била укажана медицинска помош.

МВР се огласи по повод инцидентот.

„На 23.11.2024 во 14.50 часот во СВР Скопје, Р.А. пријавил дека во угостителски објект во с.Арачиново, скопско, од возило во движење Ф.М.(37) пукал кон Д.Р., но го погодил таткото на пријавителот С.А.(52). На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во извештајот на МВР.