Вечерва имало пукање во скопската општина Арачиново. Според информациите на репортерот на ТВ21, две лица се повредени.
Истите се пренесени на Ургентниот Центар.
„На 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с. Арачиново“, велат од МВР.
Според пријавеното, во нив било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило “Ауди”.