Утрово околу 8:40 часот, малолетник влегол во основно училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград и почнал да пука од пиштол, пренесуваат „Новости“.
На лице место пристигнала полиција и брза помош. Неофицијално, пет деца се повредени. Полицијата не дозволува влез во улицата која води кон училиштето. Напаѓачот бил приведен.
На теренот излегле седум возила на брза пмош, пренесува „РТС“.
