Пукање во ресторан во Белград, ранети две лица, меѓу нив и познат германски боксер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во познат ресторан во центарот на Белград ноќеска околу 4 часот се случило пукање. Според порталот „Нова.рс“, две лица се повредени.

Порталот Телеграф.рс наведува дека се работи за две млади момчиња кои по пукањето биле примени во Ургентниот центар и се надвор од животна опасност.

Напаѓачот е во бегство.

Некои српски медиуми пренесоа дека ранетото лице е поранешниот германски боксер Марио Дасер (36), и неговиот пријател М.А. (31).

Двајцата со приватно возило се пренесени во Ургентен центар каде се задржани на лекување. Според достапните информации тие се надвор од животна опасност.