Пукано врз албанската телевизија „Топ чанел“, убиено лице од обезбедувањето

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Непознати сторители ноќеска отвориле оган врз Топ чанел, најгледаната албанска телевизија, пукајќи со огнено оружје во правец на објектот.

Во инцидентот, што се случил во околу 1 часот, убиен е Пали Кола (60) лице од обезбедувањето.

Возило “Ренџ Ровер”,  за кое се верува дека им припаѓало на напаѓачите е пронајдено запалено.

Експресно реагираше албанскиот претседател, Бајрам Бегај ,кој настанот го оцени за тежок инцидент и побара од надлежните брзо расветлување на случајот, изразувајќи пшритоа сочувство до семејството на настраданиот.