Пукна голема брана во Судан, стотици куќи под вода

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стотина куќи во југоисточен Судан се уништени или поплавени откако пукна голема брана поради силните дождови.

Челниците потенцираа дека браната во местото Бу попуштила во четвртокот, и уништила повеќе од 600 куќи и други објекти. Засега нема официјални информации за жртви.

Поголемиот број од жителите успеале да избегаат од своите домови.