Две жени го загубија животот денеска во близина на српското место Овчар Бања, откако се срушил висечки пешачки мост на кој во тој момент имало 20 лица.
Лицата биле туристи од БИХ кои дошле да го посетат манастирот. На патот се паркирале два автобуси, од кои излегле туристите и се упатиле кон мостот.
Во автобусите имале 120 патници, со двајца свештеници.
Кога тргнале да минуваат преку мостот, кој веќе долго време бил во лоша состојба, пукнал и 20 лица паднале во реката.
Иако спасителите брзо пристигнале на лице местото, немало спас за жртвите. Една од жртвите се уплеткала на сајлите и не успеале да ја извадат. Во несреќата повредени биле најмалку 11 лица.
Возачите кои ги возеле автобусите скокнале веднаш во студената вода и спасувале лица. Повредените биле однесени во болницата во Чачак.
