Во 2 часот и 35 минути по полноќ, ова населбата не беше толку мирна…
Во Топанско Поле со огнено оружје беа убиени две лица на возраст од 24 и 28 години.
Според Министерството за внатрешни работи, на местото на настанот се најдени чаури од оружје. Кога полицијата пристигнала ги пронашла безживотните тела на двете лица.
-Откако полицијата излезе на местото на настанот, пронашла патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица без знаци на живот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај двете лица, а на самото место се пронајдени чаури од пиштол. Лицата се идентификувани на возраст од 24 и 28 години со иницијали Б.В. и А.Б-соопштија од МВР.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека се спроведува детална истрага за двојното убиство во Топанско Поле.
Но, утрово полицијата не беше во населбата каде настрадаа двете лица. Потребните истраги ги завршиле рано изутрина, а на местото на настанот не беше ниту возилото во кое се вели дека биле нападнати жртвите. Мотивите за убиството засега не се познати, а ниту пак има осомничени лица.
