Пулмолог објави снимка од бели дробови на 22-годишен пациент со Ковид-19, изгледа застрашувачки (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кој е сопругот на Камала Харис, првиот Втор господин на САД?

Сопругот на новоизбраниот потпретседател на САД, Камала Харис, Даг Емхоф, стана првиот Втор господин, откако неговата сопруга официјално ја...

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 330 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 330 пациенти...

ВИДЕО: Американец освои џекпот вреден 730 милиони долари

Американската лотарија „Пауербол“ објави дека освоена е наградата од 730 милиони долари, по неколку месеци во кои никој не...

Мицкоски: Поддршка од премиерот Јанша и Словенија за евроинтеграцискиот процес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека на средбата со словенечкиот премиер Јанез Јанша била потенцирана недвосмислената поддршка...

Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 17 пациенти – вкупно се лекуваaт 280 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот....

Дејан Жујовиќ, пулмолог од Белград објави снимка од бели дробови на 22-годишен пациент, заразен со коронавирус. Жујовиќ и самиот бил заразен со Ковид-19, и го прележал овој вирус, објасни дека го ставил видеото на социјалните мрежи, за да ги потсети оние кои не веруваат во постоењето на вирусот и дека станува збор за опасно заболување.

Паралелно со снимката, пулмологот има и објаснување. На неа се гледа драстично оштетување на белите дробови, што е претставено во 3Д и со графикон што покажува загуба на волуменот на белодробното крило. Во случајов загубата на белите дробови е 50%.

-Вака понекогаш изгледаат белите дробови погодени од короната. Отсега натаму, јас не комуницирам со морони кои го негираат вирусот! Овој пат се потребни луѓе кои се здрави во главата. Држете се на дистанца, со маска каде што не е можно растојание. Контактирајте го вашиот лекар ако не се чувствувате добро. Сум против сите екстремни мерки, како што е полицискиот час. Останете здрави и живи , напиша др. Жујовиќ.