Рускиот претседател Владимир Путин го покани српскиот претседател Александар Вучиќ да ја посети Москва, пренесува РТС.
Поканата е испратена по повод одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, која завршува на 9 мај 2025 година.
„Ве поканувам да учествувате на свеченостите по повод 80-годишнината од победата во Големата патриотска војна, што ќе се одржи во Москва на 9 мај 2025 година“, се наведува во поканата.