Претседателот на Русија, Владимир Путин кажа дека контактите со САД и администрацијата на претседателот Доналд Трамп носат „надеж“, но исто така дополни дека западните елити се обидуваат да го нарушат дијалогот.
„Јасно е дека сите се задоволни од обновувањето на руско-американските односи. Но, некои западни елити и натаму се решени да ја одржат нестабилноста во светот“, рече Путин.
Рускиот претседател најави дека Русија и САД имаат заедничка желба да работат на обновување на меѓудржавните односи.
