Путин: Не знам дали Западот ја прими пораката, подготвен сум за средба со Трамп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот претседател Владимир Путин, го одржува својот традиционален годишен говор.

Тој на прашањето за нуклеарната доктрина, односно одобрените измени кои поставуваат нови услови под кои Русија ќе размисли за користење на нуклуеарниот арсенал, одговори дека ако земјите се закана за Русија, има право да употреби нуклеарно оружје.

На прашање дали „Западот ја прими пораката“, тој одговори:

„Не знам, прашајте ги нив“, рече Путин.

На прашање на новинарот на „Ен-Би-Си“ Њуз дали и кога ќе се сретне со новиот американски претседател Доналд Трамп, Путин кажа дека е подготвен.

„Не знам кога ќе се сретнам со Трамп, но подготвен сум. Што се однесува до мојата слабост, тие што ве плаќаат, сакаат да бидат слаб“, порача Путин.