Руските разузнавачки служби невидено го зајакнаа и онака високото ниво на безбедност на диктаторот Владимир Путин.
Тој почна да носи панцир на јавни настани во 2023 година по препорака на Федералната служба за безбедност. Ова го објави The Moscow Times , цитирајќи двајца руски претставници блиски до Кремљ.
Неименуван извор за весникот изјавил дека Путин на парадата на 9 мај годинава носел скриен панцир.
Британскиот консултант за безбедност Џејд Милер им објасни на новинарите дека судејќи по тоа што Путин оди прилично вкочането, а палтото нема природни набори, може да се заклучи дека рускиот лидер најверојатно носи панцир.
Путин, исто така, видно ги крева и мести рамениците, што укажува на непријатност со елекот.
